Во рамки на арт фестивалот „Дојрана 2016“, членовите на студиото за танц „Линеа“ од Кавадарци под раководство на инструкторот Лазар Соколов се натпреваруваа во дисциплината современ танц во прва А и прва Б категорија.
„Интернационлното жири ги награди со високи меѓународни дипломи за второ и трето место за кои им беа доделени и златни пехари“ информира Лазар Соколов.
На натпреварот освен претставници од Македонија учествуваа и најразлични танчерски групи од Русија, Азербејџан, Израел и Хрватска.
A.Д