Просториите на локалната самоуправа Кавадарци денеска повторно беа отворени за ученици. Во посета на градоначалникот Александар Панов овој пат беа четврто одделенците од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ од Кавадарци. И оваа посета е дел од наставната програма по предметот општество.
Учениците се запознаваа со надлежностите на градоначалникот и функционирањето на локалната самоуправа.
Благодарност за приемот од градоначалникот искажаа наставниците.
Учениците беа задоовлни од тоа што слушнаа и научија. Повеќето прашања упатени до градоначалникот беа поврзани со неговите надлежности.
А.Д