Започна крпењето на дупките низ улиците во Кавадарци

Започна крпењето на дупките низ улиците во Кавадарци

Деновиве оперативата на градежната фирма „Изолација“ од Скопје интензивно работи на подготовка за асвалтирање на оштетените места на улиците во градот.

 

Станува збор за редовна акција на општината таканареченото пролетно крпење на „ударнбите дупки“на коловозниот дел од улиците во градот.

 

Овојпат со акцијата за крпење ќе биде опфатена вкупна површина од 800м2 на повеќе улици каде зимските мразеви го оштетија асвалтот.

 

Крпењето на ударните дупки кое ќе се спроведува во наредните денови ќа ја чини општината  1.000.000 денари. Парите се обезбедни од Буџетот на Општина Кавадарци од сметката за комунални дејности, информираа од службата за односи со јавноста при локална самоуправа Кавадарци.