– Се работи за редовна активност на Комуналец. Ова не е ни прв ни последен пат да се работи на кастрење на дрворедите на булеварите. Сега е најдобро време за оваа операција. Реакциите се неосновани, исто како да се реагира зошто се кројат лозјата, тогаш да апелираме да не се кројат и лозјата Слушнав и коментар дека тоа го правиме заради фасадата која е позади дрворедот. Нема никаква врска. Тоа е приватна инвестиција на станарите, општината нема никаква врска со тоа. Уделот на општината беше на соседната зграда. Таму се изврши со реконструѕкција на фасадата – изјави градоначалникот Панов за КТВ.