Пред крај на градежната сезона се користат погодните временски услови за реализација на позиции од програмата за комунално уредување во Кавадарци.
Нов асвалтен слој ќе се постави на улицата „Гоце Делчев“ во кавадарци. Таму од денеска започна активности за отстранување на оштетениот асвалт. Се работи за потегот меѓу двете раскрсници кај гимназијата „Добри Даскалов“ во должина од 130 метри.
Работите за отстранување на стариот асвалт ги изведува „Урбан инвест“. Вкупната вредност на реновирањето на овој потег од улицата ќе изнесува 1,2 милиони денари, а е дел од програмата за комунлно уредување за 2015 година – информираа од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.
Ангел Данов