Две признанија за „Фени индустри“ за општествено одговорни практики

Две признанија за „Фени индустри“ за општествено одговорни практики

Во Скопје денеска по осми пат беа доделени  награди за Најдобри Општествено Одговорни Практики на македонските претпријатија за 2014 година во организација на националното Координативно Тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија.

 

Како истакната и призната општествено одговорна компанија, традиционално со свои проекти во овој конкурс учествуваше и ФЕНИ Индустри АД, Кавадарци, и на денешното доделување се здоби со две признанија и тоа во категоријата „Етичко Управување“ за проектот за родова еднаквост со наслов „ФЕНИ не е царство на мажите“ и во категоријата „Вложување во Заедницата“ за проектот „Еко Квиз“ во чиј фокус беше еко-едукација која ги опфати сите петтоодделенци во Кавадарци.

 

Од компанијата го истакнаа своето задоволство за добивање на овие признанија, и најавија дека како и досега остануваат доследни на својата стратегија за општествена одговорност, која се одликува со континуирани и бројни проекти во сите сфери кои ја сочинуваат општесвената одговорност како целина, а која пак всушност за крајна цел има подобрување на квалитетот на живеење.