Во четврток авионска дезинскеција во Вардарскиот регион

Од центарот за јавно здравје Велес информираат дека во координација со министерството за здравство во четврток 24 септември, ќе се изврши адултна дезинсекција.

 

Прскањето ќе се изврши во периодот од 5 до 8 часот на територијата на општините Велес, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија и Дојран.  Во овој период е потребно пчеларите да ги соберат пчелите.

 

Ова лето, во овие општини се врши авионско прскање против инсекти по трет пат.