Советот на општина Кавадарци ги ослободи социјалците од сметки за вода

По предлог на советникот Горан Белевски од советничката група на СДСМ, советот на општина Кавадарци на последната седница донесе одлука за ослободување од плаќање на сметките за вода и комуналии за сите социјално загрозени семејства.

Како што тој образложи ваквата мерка е повеќе од потребна за овие граѓани, бидејќи не се во можност да ги покријат своите трошоци по овој основ. Одлуката беше едногласно усвоена, а дозволува ослободување за сметките во период од октомври минатата година до октомври годинава.

За користење на оваа поволност социјалците треба да достават решение дека се корисници на социјална помош и заедно со барањето за ослободување од плаќање сметки за вода и комуналии да го достават до општина Кавадарци.

По однос на барањата ќе одлучува тричлена комисија составена од советниците.

Ангел Данов