Утре ќе заседава кавадаречкиот совет

Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци за вториот квартал од 2015 година и измените и дополнувањата на буџетот се на дневен ред на 34-тата седница што утре ќе ја одржи кавадаречкиот совет со почеток од 12 часот.

Советот ќе ја разгледува и прогрмата за изменување и дополнување на програмата за локален економски развој за 2015 година, а ќе одлучува и за доделување на наградата 7 ми септември. На дневен ред се и неколку одлуки кои се поврзани со работењето на детската градинка „Рада Поцева“ и информацијата за реализација на манифестацијата Тиквешки гроздобер во минатата година.

Ќе се разгледува и одлуката за утврдување на нацрт детален урбанистички план за дел од индустриска зона за плански период 2014-2019 година.

A.Д