Се обновува хоризонталната сообраќајна сигнализација во Кавадарци

Се обновува хоризонталната сообраќајна сигнализација во Кавадарци

Согласно програмата за комунално уредување во 2015 година, општината Кавадарци започна со активности за обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација по градските улици и лоалните патни правци.

Општината ги информира учесниците во сообраќајот и граѓаните дека процесот на озебрување ќе се одвива во ноќните часови, почнувајќи од 22:00 ч. до 04:00 часот. Ова го налага технологијата на работа, која бара температурата на асвалтната подолога при нанесувањето на бојата да не биде повисока од 250С, како и поради намалената фречфеенција во сообраќајот. –информираат од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

Општината апелира до граѓаните и учесниците во сообраќајот стриктно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи додека трае времениот режим на сообраќа во деновите кога се одвиваат работите на озебрувањето.

Особено да се внимава во наведениот термин да не се паркираат автомобилите во близина и на самите раскрсници и пешачки премини, како не би поречувале на изведувачот.

Работите на озебрувањето ќе се одвиваат согласно програмата на Секторот за комунални работи, а се очекува да завршат најдоцна до 25.08.2015 година.

Озебрувањето започна на на Булеварот„ Никола Минчев“ поранешен „Едвард Кардеаљ“. Потоа продолжуваат по улиците: „Илинденска“, бул „Моша Пијаде“  ул „Гоце Делчев“, ул „7 Септември“, ул„ Мито Хаџи-Василев Јасмин“, ул „ Пионерска“, ул „ Браќа Џунови“, ул „ Шишка“ како и локалните патни правци од Кавадарци кон Страгово, Ресава-Бегниште, и Марена-Сопот.

Покрај озебрувањето ќе биде извршено и обновување на хоризонталната сигнализација на сите такси и автобуски стојалишта, на жолтите линии за бочно паркирање. Ќе се обноват и натписите пред сите основни и средни училишта, како и паркин местата наменети за лица со инвалидитет.

Изведувач на работите е специјализираната фирма „Виа Сиугнал“ од Скопје, а за оваа намена Општината ќе потроши вкупно  750.000 денари за набавка на бја за обележување, како и за работната рака.