Првата клапа од филмот „Ослободување на Скопје“

Првата клапа од филмот „Ослободување на Скопје“

Почна снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“.  Првата клапа се снима во Велес кај стариот мост. Тука се одигрува сцената, регата меѓу германска и бугарска војска.

Филмот ослободување на Скопје се работи по режија и сценарио на Раде Шербеџија.  Познатиот актер има и своја улога, го толкува ликот на Ѓорѓија. Главната филмска улога во ликот на Зоран, ја има 10 годишниот Давид Тодосовски.

Три дена ќе трае снимањето во Велес – освен стариот мост, филмската екипа ќе го користи и манастирот Свети Димитрија.

Ослободување на Скопје е драматична приказна за војната и една невозможна љубов меѓу македонка и германски офицер..

Филмот се работи според истоимената драма на Душан Јовановиќ, претстава во која играл и Шербеџија..

Ослободување на Скопје има буџет од над 2 милиони евра.. Половина од парите ги обезбеди агенцијата за филм на Македонија. Премиерата на филмот е најавена за крајот на идната година.

 

Зоран Јаневски