Викендов во Спортската сала во Драчево, Скопје се одржа Меѓународниот натпревар Маваши опен. На натпреварот учество земаа околу 350 натпреварувачи од 34 клубови од Македонија, Бугарија и Србија.
Карате клубот Урбан Инвест на овој турнир освои 14 златни, 6 сребрени и 8 бронзени медали и се пласираше на второто место од 34 клубови. Првото место на натпреварот го освои Фунакоши Гичин – Скопје, кој имаше исто така 14 златни медали а освои 8 сребрени медали.
„Покрај пласманот на второ место по број на освоени медали, КК Урбан Инвест доби пехар за најбројна екипа на натпреварот“ информира тренерот на клубот Ивана Аврамова.
А.Д