Нов успех на КК „Урбан Инвест“

Карате клубот „Урбан инвест“ од Кавадарци продолжува да жнее успеси. На меѓународниот натпревар „Струга опен“  што викендов се одра во Струга, каратистите се вратија со 7 златни, 9 сребрени и 7 бронзени медали и го освои третото место на турнирот од 36 клубови.  

На овој натпревар учествуваа  403 натпреварувачи од 36 клубови од Македонија,  Албанија, Косово и Црна Гора.  

„Покрај пехарот за трето место по број на освоени медали, КК Урбан Инвест доби пехар за најбројна екипа на натпреварот, што покажува дека клубот прераснува во еден голем и моќен  клуб“ рече тренерот на клубот Ивана Аврамова.

А.Д