Нова премиера на театарот во Кавадарци

Нова премиера на театарот во Кавадарци

Утревечер ќе се случи нова премиера на кавадаречкиот театар. Во претставата „Последниот вампир“ работена по текст на Дејан Дуковски, а во режија и адаптација на Александар Малинков ќе ги гледаме Диме Коцевски, Видан Станоев, Милица Гоичевска, Александар Малинков, Коле Колев, Валентирна Ѓорѓиева и Костадин Прокопов. Изборот на музика е на Марјан Тодоровски.

Подготовките за втората театарска претстава оваа година,  која е целосен проект на кавадаречкиот театар привршуваат. Се доработуваат последните финеси, и се поставува сценографијата, за се се да биде подготвено за премиерното издание на „Последниот вампир“ кое е закажано за утре со почеток од  20 часот