Младата флејтистка Јанаќиева жнее успеси

На бројните успеси кои младата Пандорка Јанаќиева ги постигна за време на нејзиното школување во Основното музичко балетско училиште во Кавадарци „Лазо МИцев Рале“  годинава се надоврзуваат и последните нејзини постигнувања кои ги забележа на меѓународните натпревари во соседните земји Република Бугарија и во Косово.

 

Имено  на меѓународниот натпревар за млади исполнители на класични  музички инструменти во Перник Бугарија таа го освои првото место и медал за титулата лауреат на натпреварот со што се здоби и со правото да има свој настап на завршните концерт  рамо до рамо со останатите лауреати на овој меѓународен натпревар  со високо реноме и голема конкуренција на млади и талентирани музичари. Вториот успех на  младата флејтистка Пандорка Јанаќиева е првата награда на  Меѓународниот натпревар на млади музичари во Приѓтина Косово со освоени 99,8 поени од можни 100 и плус специјалната награда за најдобро отсвирена композиција од Јохан Себастијан Бах.

 

Да потсетиме дека Пандорка Јанаќиева е ученичка во прва година во средното музичко балетско училиште „Илија Николовски Луј“ во класата на  професорката Радмила Поповска.

М.Мукаетова