Одбележан денот на македонската револуционерна борба

Македонија денеска го празнува 23 октомври –денот на македонската револуционерна борба. Формирањето на Внатрешно Македонската Револуционерна Организација  значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.

 

Денеска празникот се чествуваше и во Кавадарци. На спомен плочата која сведочи за формирањето на првиот месен комитет на ВМОРО во Македонија, токму во Кавадарци,  по солунскиот, свежо цвеќе положија делегации од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Здружението на пензионери  и Сојузот на борци.

 

Претседателката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Горица Пеливанова-Вилхелм упати честитка до сите македонски граѓани.

 

Синоќа во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се одржа трибина на тема:„Зачетоците на македонското револуционерно движење и улогата на тиквешката околија“. Пред присутните на оваа тема говореше директорот на музеј галерија Кавадарци, Петре Камчевски.

 

А.Д