Синоќа во Кавадарци свечено беше отворена деветата по ред „Кавадаречка културна есен“. Во Домот на културата целовечерен концерт имаше најдобрата кавадаречка рок група „Смоук шејкерс“ со нивните гости, пријатели и соработници, а публиката проследи и рецитал на Софија Златанова на виола и Михо Куроива одТокио-Јапинија на пиано.
Пред присутните се обратија градоначалникот Александар Панов и директорот на домот на културата, Владимир Темков кои упатија покана до кавадрчани по напорната работа на лозовите насади сега да се опуштат и да уживаат со настаните од културата кои во наредниот период ќе ги има секодневно.
А.Д