Еколошка акција во училиштето во Росоман

Еколошка акција во училиштето во Росоман

Акција за собирање на стара хартија организираа основното општинско училиште “Пере Тошев” од Росоман и еколошкото друштво “Еко живот” од Кавадарци . Ученици и наставници од училиштето се вклучија во националната акција “Македонија без отпад”.

-Училиштето продолжува со еколошката мисија која опфаќа еколошки акции за подигнување на свеста за значењето на здравата животна средина. Ова е само една од низата активности во рамките на програмата која треба да се спроведе со цел училиштето да добие зелено знаме како доказ за еколошкото делување, рече директорот на училиштето Зоранчо Јовановски.
Двете страни најавија уште могу вакви акции во иднина.

С.Д