Во „Саат кула“ Неготино се гради мултинаменско игралиште

Во „Саат кула“ Неготино се гради мултинаменско игралиште

Веќе извесен период работници на градежното претпријатие ,, Жикол ,, од Струмица се работно ангажирани околу изведувањето на активностите за изградба на мултифункционално игралиште во населбата Саат-кула во Неготино. Според основниот проект, во состав на овој спортски комплекс ќе има игралишта за фудбал, ракомет и кошарка кои ќе претставуваат одлична можност младите, и не само тие, дел од слободното време да минуваат во спорт и рекреација.

Потребните финансиски средства во висина од 7 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, а покрај изградбата на игралиштата предвидено е поставување на ограда околу нив, како и рефлектори со единствена цел терените да можат да се користат и во вечерните часови. Се очекува работите околу изградбата на мултинаменското игралиште во Неготино да завршат до крајот на тековнава година.