Денеска со велосипедска трка симболично европскиот ден и неделата без автомобили ја одбележа и Гимназијата Добри Даскалов. Во акцијата беа вклучени над стотина ученици од прва и трета година, а заинтересираноста била далеку поголема потврдува професорот по физичко образование Блаже Велков.
Не само денеска во оваа акција и на ова одбележување со велосипедите младите треба да се се почесто рече градоначалникот Александар Панов кој на оние пак што постојано се со автомобил им апелираше повеќе да водат грижа за нивната исправност.
M.M