
Денеска во просториите на Општинскиот Црвен Крст реализирана беше редовна крводарителска акција.
Според информациите од секретарот на Црвен Крст Кавадарци крводарителската акција е оценета за успешна и собрани се 17 крвни единици.
„Кавадарци е секогаш на врвот по доброволни крводарувања во државата. Веќе го остваривме годишниот план за крводарување. Тоа значи дека планот ќе биде надминат со голем процент до крајот на годината. “ рече Илова
Денешната акција е последна од акциите предвидени за летниот период. За успешно и хумано и ова лето го прогласи и Црвениот Крст на Кавадарци. На повидок се есенските акции во кој за недела дена крв ќе даруваат средношколците од градот.