
Помали медицински интервенции за кои беше потребно патување на скопските клиники граѓаните на тиквешијата сега ќе можат да добијат во кавадаречката болница. Овде се спроведува проектот на Министерството за здравство “дисперзирани клиники„.
„Имаме програма до крајот на годината. Во нашата болница доаѓаат педијатар, уролог, отоларинголог и општ хирург. Пациентите ќе можат да закажат за усуга преку „мој термин“ кај матичните лекари“ ни рече денеска директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, д-р Орцо Ангеловски.
Проектот се реализираод понеделникот и ќе трае се до крајот на оваа година.
Ангел Данов