Исчезна 72 годишниот Ѓорѓи Јанков од Кавадарци

Исчезна 72 годишниот Ѓорѓи Јанков од Кавадарци

Во саботата во утринските часови, додека целото семејство спиело,  од својот дом излегол 72 годишниот Ѓорѓи Јанков од Кавадарци. Бидејќи не се вратил дома, веќе  втор ден полицијата и неговите роднини и пријатели трагаат по него. Утринава неговиот син информираше дека потрагата е без успех.

„Ги молам сите сограѓани кои можеби го имаат видено дедо ми да пријават во полиција или на 071-522-406. Тој кога излезе од дома носеше жолта кошула и бело капче. Сетив дека тој е буден и дека излегува од дома. Веднаш станав од креветот за да видам кај ќе оди. Но додека да се облечам тој веќе се оддалечил од домот и веќе два дена го бараме секој дел каде тој одеше, но без успех“ рече синот на Јанков.

Од полицијата во Кавадарци го потврдија исчезнувањето на Јанков и рекоа дека интензивно се трага по исчезнатиот кавадарчанец.