Извезени првите количини на винско грозје за Албанија

Денес се извезени првите количини на винско грозје од Кавадарци како центар на најлозарскиот дел на Македонија, информира лидерот на лозарите Љупчо Аризанов.

-Според податоците со кои располагаме од царинската испостава во Кавадарци денес тргнаа над 20 тони винско грозје од сортата шардоне. Заминуваат за Албанија. Извозната цена за еден килограм е околу 16 денари. Интересот за извоз на македонско винско грозје е голем а лозарите кои го продаваат грозјето на прекупувачи за извоз, парите ги добиваат веднаш . Покрај неколкуте нови винарски визби кои годинава за прв пат ќе откупуваат грозје, се очекува и интересот за извоз на грозје да ја зголеми конкуренцијата-вели Аризанов.
Според него, големиот интерес за извоз на македонско грозје е поради фактот што во некои од винските земји мразот зеде данок од лозовите плантажи, а во други дел од грозјето предвреме изедоа сушата и врнежите од град.
С.Д.