По изградбата на амфи театарот или отворената училница во дворот на училиштето, тениското игралиште, спортската сала и детската градинка, деновиве интензивно се работи на поставување на заштитната ограда на ОУ Пере Тошев.
Низ неколку фази на овој зафат полека се доаѓа до самиот крај од кој се очекува заштита на објектите, но и поголема безбедност за учениците смета градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.
Истовремено во моментот се работи и во неколку подрачни училишта информира директорот на Пере Тошев, Зоранчо Јовановски.На ваквите новитети и реконструкции се работи со пари на училиштето и општинскиот буџет.
Милица Младенова