Амбасадорот на САД во посета на Росоман

Амбасадорот на САД во посета на Росоман

Американскиот амбасадор Пол Волерс денес беше во официјална посета на Општина Росоман.Обиколката низ општината амбасадорот ја започна со посета на плантажите и ладилникот на Душан Ќириќ.Придужуван од сопственикот Ќире Шошев, Волерс се запозна со дејноста што ја врши оваа фирма.

Се интересираше за лозовите и плантажите со праска. За начинот на чување, класифицирање и извозот на праската. Бројката на вработени, капацитетот, искуствата и плановите на фирмата. Посетата во општина Росоман се официјализираше во кабинетот на градоначалникот Стојанче Лазов. Како што рекоа и двајцата пријателски разговор зад камерите со добри намери и со желби за плодна соработка.

Американскиот амбасадор Пол Волерс и градоначалникот Стојанче Лазов во знакот на традиционалното секој за својата земја подароци разменија за време на деловниот ручек. 

М.Младенова