Сребрен медал за Ѓорѓи Шемов на олимпијада во Америка

Сребрен медал освои средношколецот Ѓорѓи Шемов од Кавадарци на Светската Олимпијада за генијалци која се одржува во Њујорк, Соединетите Американски држави. Среброто го освои со научниот проект и документарен филм за светски познатиот рудник во Македонија, Алшар. 

– Сонував, сонував и мојот сон стана реалност-напиша тој на својот фејсбук профил пред неколку минути а честитките стигнуваат од сите страни. 

Шемов, кој заврши втора година средно образование,  лани освои бронза на истиот меѓународен натпревар, со проект од областа на биологијата во кој стана збор за загадувањето на Тиквешкото Езеро.

(С.Д)