40 години од изградбата на спомен костурницата
07-09-2016 РЕГИОН

На денешен ден во 1976 година е предадена во употреба спомен костурницата на паднатите борци од НОВ.

Ова  спомен обележје изградено во градскиот парк во Кавадарци  е дело на инг. арх. Петар Муличковски, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

 

Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ симболизира стара македонска куќа, која треба да претставува вечно почивалиште на паднатите борци и жртви на фашистичкиот терор од општина Кавадарци. Во внатрешноста на оградата на костурницата се поместени моштите на паднатите борци, а од внатрешноста на костурницата на 24 гранитни плочи се испишани имињата на сите 333 паднати борци од општина Кавадарци. На голем број од паднатите борци кои своите животи ги положија во завршните борби за ослободување на Македонија и Југославија (борбите во Западна Македонија, борбите за пробив на Сремскиот фронт, за ослободување на Загреб итн.), нивните посмртни останки не се пренесени и се погребани на местата каде што се загинати„ раскажува професорот по историја Мики Камчевски.

 

Тој потсетува дека во во текот на 2012 година е организирана акција за чистење на графитите на Сопмен костурницата, а во 2015 година е извршено реновирање со целосна промена на сите 24 гранитни плочи на кои сега се запишани имињата на сите 333 паднати борци. На старите плочи беа испишани имињата на само 264 борци и жртви на фашистичкиот терор од општина Кавадарци. При реновирањето на Спомен костурницата е извршено и нејзино целосно осветлување, партерно и хортикултурно уредување a поставен e и видео надзор.

Додади коментар