153 нови случаи на Ковид 19, починати се шест лица

Во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во:

 

-Скопје 66
-Куманово 13
-Штип 13
-Прилеп 2
-Тетово 20
-Струга 7
-Битола 1
-Охрид 7
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Свети Николе 3
-Кичево 6
-Ресен 12

 

Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од:

-Скопје 47
-Штип 13
-Прилеп 1
-Тетово 3
-Струга 2
-Велес 1
-Охрид 3
-Кавадарци 1
-Гевгелија 2
-Кочани 1
-Пробиштип 1

 

Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164.

Додади коментар