Се удавил додека ловел риби

Педесет и две годишниот Б.И од село Дреново вчера се удавил во водите на езерото кај браната Лисиче – општина Чашка.

 

Како што информираат од полицијата, вчера околу пладне додека Ѓ.Ј. и Б.И. (52), двајцата од Дреново, ловеле риба на браната Лисиче, виделе дека во езерото има тапа. Б.И. скокнал во водите да ја извади, по што потонал и не се појавил на површина.

 

Веднаш биле повикани полициски екипи како и нуркачки тим од Единицата за специјални задачи кои околу 18:15 часот го пронашле телото и го извадиле од езерото.

Додади коментар