Отворена градинката во Ваташа
28-08-2015 РЕГИОН

Педесет деца ќе бидат згрижени во новата градинка која денеска беше отворена во Ваташа. Се работи за објект кој е преадаптиран во детска градинка а е дел од спомен домот во селото. Со ова се ублажува недостатокот на слободни места за прием на нови дечиња во Кавадарци. За реконструкција и адаптација на објектот во градинка беа потрошени околу 3 милиони денари.

Градоначалникот Александар Панов и министерот за финансии им ја честитаа градинката на ваташани, а најавија дека наскоро ќе започнела изградба на нова градинка во Кавадарци.

„ Имавме некои проблеми со изолацијата и доопремувањето и затоа се доцнеше со отворањето. Со ова само делумно го решаваме проблемот со слободни места во градинка. Со вицепемиерот разговаравме за тоа и се надевам дека до нова година ќе дојдеме до дополнителни средства од 20 милиони за изградба нова градинка, за што имаме локација и проект. Со тоа ќе го затвориме овој проект и ќе размислуваме за проширување на постоечките капацитети.

Aнгел Данов

 

(забрането е превземање на текстот и фотографијата како и користење на делови од истиот без претходна дозвола од КТВ)

Додади коментар