Од четврток врнежи од дожд и снег

 

Циклонот кој ќе го зафати Балканскиот Полуостров веќе најавивме дека ќе ја зафати и нашата држава па така веќе во среда попладне на запад можен е слаб локален дожд додека на високите планини од околу 2000 метри па нагоре ќе има слаби врнежи од снег. Исто така во среда ќе започне да дува умерен, на некои места засилен а во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен правец во поголем дел од државава.

 

Во четврток најрпвин на запад и југозапад ќе има врнежи од дожд кој попладнето и вечерта ќе се прошират во поголем дел од државава додека на повисоките планини ќе паѓа снег. Не се исклучува можноста и за локална нестабилност проследена со поинтензивни врнежи и грмежи.

 

Најинтензивни врнежи ќе има во западната половина од државава каде локално ќе наврнат околу па и над 30 л/м2 воден талог. Во четврток навечер како и ноќта кон петок и во петок поради падот на температурите на воздухот снежната граница ќе се спушти на околу па и нешто под 1000 м.н.в.

 

Одсега гледано петок попладнето и вечерта провејување на снег би имало и на пониските предели од државава. Нови детали наскоро.

 

http://meteomax.mk

Додади коментар