Дневен центар го одбележа 3 ти декември
03-12-2013 РЕГИОН

Со насмеани лица ги пречекаа денеска сите гости дечињата со посебни потреби во Дневниот центар во Кавадарци. Овде се сместени 16 деца од сите возрасти. Беа посебно радосни што на нивното празнување по повод 3-ти декември дојдоа нивни пријатели што ги  следат нивните активности и во текот на целата година. Со волонтерите на невладината „Креактив“ децата од центарот, но и дечињата згрижени во малиот групен дом реализираа креативна работилница. Еден дел од нив од гипс правеа разни фигури, а  друг дел подготвуваа колачи.

 

„Центарот има активности во текот на целата година. Центарот за социјални работи Кавадарци континуирано се грижи за лицата со инвалидност. Со „креактив“ имаме континуирана соработка. Посебно активностите ги засилуваме во пресрет на меѓународниот ден на лицата со посебни потреби“ рече директорката на Центарот за социјални работи , Вања Маневска. Таа нагласи дека повеќе претставници од бизнис заедницата ги подржуваат активностите на дневниот центар.

 

Вчера децата од посебните паралелки при ООУ „Страшо Пинџур“ и од Дневниот центар во чест на празникот 3- ти декември,  имаа еднодневна екскурзија во Скопје. Ја посетија зоолошката градина, а имаа можност да погледнат полетување и слетување на авиони на скопскиот аеродром. Екскурзијата им ја обезбеди „Фени индустри“ , компанија што во текот на годината во повеќе наврати донира и за посебните паралелки но и за дневниот центар.

 

„Се трудиме да ја изразиме нивната креативносат. Да видиме како тие размислуваат и да ја поттикнеме нивната имагинација. Дечињата се многу среќни кога доаѓаме. Мислам дека таа искреност што се чувствуа од нивната страна не може да се опшише со зборови. Мислам дека и останатите граѓани треба да го почувствуваат тоа.“ рече Александара Ристова, координатор во „Креактив.

A.

Додади коментар