Зимското одржување на локалните улици и патишта во општина Кавадарци и годинава ќе го извршува компанијата „Ја-ми“. Од таму потврдија дека зимската служба е подготвена за дејствување.
„Веќе имаме набавено 60 тони индустриска сол и 100 м3 ризла, што значи го имаме репроматеријалот за тековната година. Во делот на механизацијата во моментов се активни 3 возила, кои го отстрануваат снегот во планинските подрачја. Сакам од компанијата да ги уверам сите граѓани дека „Ја-Ми“ е спремна да се справи со сите проблеми кои евентуално би биле создадени од невреме и слично“ – рече сопственикот на „Јами“, Митко Јанчев.
Зимската служба веќе има неколку интервенции низ кавадаречките улици но и локални и регионали патишта.Последните информации говорат дека сите патишта се проиодни.
Од вчерашните врнежи од снег формирана е снежна покривка од неколку сантиметри во градот, додека во Михајлово се измерени 20, на Витачево има снежна покривка до 15 сантиметри, а исто толку има и во Мрежичко и Рожден. На Кожув формирана е покривка од над 30 сантиметри.
A.Д
Додади коментар