Кавадарчани кои ја подржуваат „шарената револуција“ и вечерва протестираа. ГО започнаа протестниот марш од пред катастарот, маршираа по „Илинденска“ и стигнаа до градскиот плоштад, каде пак на „тракторот на револуцијата„ се пуштаа т.н „бомби“ што опозицијата ги објавуваше во минатиот период.
„ Повеќе од 2 месеци „шарената револуција“ е најголем трн во очите на режимот. Направија се да ја скршат шарената револуција, заплашувања, повикување на информативен разговор. Но наместо резултат, добија контра ефект. Наместо да ја скршат, ја зајакнаа шарената револуција. Нивната позиција е далеку од удобна, Повеќе никој не сака да седи на жешките министерски столчиња во владата. Последната од долгата листа оставки е оставката на дечкото со чоколади. Од министерството за финансии. Веројатно преголемите количини изедено чоколадо негативно влијаеле врз неговото здравје. Па сега кога дојде време да се плати потрошеното чоколадо донесе храбра одлука да си замине. Доколку навистина здравствената состојба е влошена му порачувам да се лекува во државното здравство за конечно да сфати каде требаше да ги потроши 3 те милијарди евра што ги позајми во неговиот мандат“ рече Вуке Мелов, граѓански активист.
Тој во неговото обраќање нагласи дека еден по еден сите ќе си заминеле од власта, а парите што ги украле ќе ги врателе.
Пред кавадарчани се обрати и професорката Татјана Прентовиќ. И таа упати порака дека луѓето од власта морало да одговараат за криминалот што го направиле во изминативе десет години и повика на масовен протест на „шарената револуција“ во недела во Скопје.
„Протестиравме да се повлечат аболицијата, Одлуката за повлекување на аболицијата ја донесоа. Протестиравме против притворот на борците од шарената револуција. Сега протестираме за поддршка на СЈО, да продолжи да работи без притисоци и уцени. Уставниот суд еднаш да застане на страната на правдата, а не на страната на Груевски. Сите одлуки сами ги донесеоа сами ги повлекоа и ги посипаа со пепел. Груевски повеќе неможе да се заканува. Изборите се одложија, целосното повлекување на аболицијата се повлече од пишманот Иванов. Одлуката на Ставревски за оставка е одлука за напуштање на бродот кој што тони. Правдата и вистината се овде со народот. Нема спас за Груевски, Македонија ќе има избори кога ќе се создадат услови за фер и демократски избори. Дојде времето на народот, нема попуштање. Изреката кај што има сила нема правдина не важи,сега важи, кај што има народ има само вистина и правдина. Ние се бориме за спас на Македонија, а тие за спас на сопствената кожа“ рече Прентовиќ.
Протестот заврши мирно. Вечерва „шарените“ не фрлаа со боја врз фасадата на општинската зграда како на изминатите протести.
Ангел Данов
Додади коментар