На старото место на McDonalds,во Центар,на Рекорд, вчера се отвори место кое е пријатно,поинакво и фраерско. Ентериерот не потсетува на шаблонските амбиенти што ги ниди градот,а со големата инвестиција пазено е на секој квалитетен детал во објектот.
Центар Бар се разликува од другите места по тоа што тука се служи првото Свежо,точено пиво,наше Македонско,непастеризирано,без адитиви и дополнителен СО2,директно од танкер. Правено по Германска рецептура. Центар Бар нуди и доручек,закуски и сендвичи,а просторот е компатибилен за секаков тип на уживање.
Оваа инвестиција е поддржана од Кожувчанка ДОО и Стопанска комора на Р.Македонија,па така вчера,на официјалното отварање на Центар Бар,се обратија г-дин Митко Јанчев и г-дин Бранко Азески.
Исто,честа да го отвори локалот беше и на Германската амбасадорка во Р.М г-ѓа Др.Кристине Алтхаузер која го поздрави овој потег да и Скопје стане град кој ќе има вистинско,точено,свежо пиво исто како што е традицијата во Германија. Ако сакате добра атмосфера,пријатен амбиент,супер закуски и одлично пиво, и сето тоа за досега најдостапни цени во Скопје,дојдете во Центар Бар

Додади коментар