„Храбро срце“: 14 пациенти во земјава имаат потреба од трансплантација на срце

Додека си здрав, не размислуваш за болести и не сфаќаш дека животот е толку непредвидлив. Денес си тука, утре те нема. Брзиот начин на живот што го живееме неосетно, бавно, ама сигурно си го зема својот данок.


И никогаш не вели „мене нема да ми се случи тоа“ – зашто животот неретко знае да ти покаже дека и тоа како грешиш.
Затоа, живеј го животот, а потоа подари го онаму каде што е потребно. Онаму каде што некој друг чека рака за помош, за подобро утро, за втора шанса за живот.


Не можеш да промениш ништо, ниту да ја надоместиш загубата за ближниот свој, но ја имаш моќта некому да продолжиш живот. Подари љубов, подари орган - велат од националното здружение на пациенти со МП на срцето „Храбро срце“.

 

Во оваа здружение има 14 пациенти од кои најмладиот пациент е 23 години. Од здружението нагласуваат дека на сите нив спасот им е само трансплантација на срце, но потребна е поголема свест кај граѓаните  за донирање на органи, а закон и програма веќе има.



Share

Додади коментар