Регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“ до јавноста денеска го достави писмото кое го упатиле до министерот за земјоделство, Трајан Димковски во кое се содржани барањата што ова здружение ги има за поддршка на лозарството.
(интегрален дел од писменото обраќање) Регионалното здружение Тиквешки лозаро – овоштари по оддржаните четири протести, за да ги сопре шпекулациите кои се пласираат во јавноста од страна на надлежните институции дека не сме имале конкретни барања и дека сме се воделе со политички идеи, денеска решивме и на писмено да ви ги доставиме нашите барања со кои очекуваме во најкус можен рок да не повикате да разговараме каде што е местото а не на улица како што вчера сакавте да исценирате.
Ние пред почетокот на протестот во Росоман имавме повик со кој ги повикавме сите политички партии во тиквешијата да ни се приклучат, некои се приклучија а некои не. Сепак оставаме политичките партии сами да одлучат за тоа дали ќе не поддржат во нашите барања бидејќи овие барања се однесуваат за сите граѓани на тиквешијата за подобар и посреќен живот.
Владата да исплати субвенција и таа да биде загарантирана со закон за секоја година од 3 денари по килограм грозје за сортите ВРАНЕЦ и СМЕДЕРЕВКА, додека за сите останати сорти по 1 денар!
Веднаш да се донесе закон со кој ќе се загарантира минималната откупната цена на грозјето и тоа по шеќерни единици за Вранецот 19 шеќерни единици 18 денари и за Смедеревката 17 шеќерни единици 17 денари.
Да се прогласи елементарна непогода суша на сите лозови и овошни насади кои не се под систем за наводнување и на кои Водостопанство не можеше да им обезбеди вода да им се даде дополнителна субвенција од 48 000 денари по хектар.
Да се изедначе цената на водарината од пумпи и по слободен пат да биде цената иста. Владата да ја субвенционира разликата во цената на Водостопанство.
Законот за Акцизи да се укине и да не се плаќа акциза на ракијата до влез во ЕВРОПСКА УНИЈА.Во месец мај е донесен закон за акциза со кој за ракијата ќе се плаќа уште од оваа година акциза триесет денари по литар.
Веднаш да се доисплатат парите од винариите Поварадрие и Стефани и да се доисплати во целост дополнителната субвенција од еден денар.
Да се исплати субвенција од три денари по килограм предадени праски на официјален откупен пункт и да се донесе закон за заштитна минимална цена на праските по сортимент.
Додади коментар