Регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“ Кавадарци денеска побара од градоначалниците и советите на Кавадарци и Неготино да се формира комисија за проценка на штета на лозовите и овошни насади, настаната од невремето и високите температури и да се прогласи елементарна непогода.
„Да им се овозможи на оштетените лозари и овоштари да поднесуваат барање за проценка на штета врз нивното грозје, со број на катастарски парцели за полесно идентификување. Да излези новоформираната комисија на терен, да изврши реална проценка на штета и истата да ја достави до парламентот за обесштетување на лозаро-овоштарите. Затоа што вината не е наша, еден дел е резултат на високите температури, еден дел е негрижата на државата за наводнување на сите земјоделски површини, ние бараме еднократна помош - обесштетување, со сума која ќе се одреди во зависност од штетата“ се наведува во барањето од „Тиквешки лозаро овоштари“.
Додади коментар