„Тиквешки лозаро овоштари“ бараат исплата на државната помош до празникот Свети Трифин
22-01-2024 РЕГИОН

Здружението „Тиквешки лозаро овоштари“ денеска писмено се обрати до МЗШВ. Бараат пред празникот Св. Трифун, да се одржи состанок со винарските визби и да им се наложи да склучат договори со лозарите, односно правно обврзувачки договори за откуп на винско грозје, со одредена шеќерност и повисока цена/кг за реколта 2024. Како што истакнуваат од здружението лозарите пред почеток на резидба да ги знаат откупните цени и да го планираат родот.

 

Исто така бараат  исплата на интервентната мерка од Државата, 12.000ден/хектар и 1ден/кг грозје продадено во винарија, најдоцна до 14.02.2024 година, како и испалта на редовните субвенции до хектар за оддржување на лозовите и овошните насади.

 

„ Бараме субвенциите над 1 хектар кои Државата ги намали дури и покрај енормното покачување на зависните трошоци за производство, да се исплатат по старо, најмалку 48,000 денари/хектар, а најдоцна до 14.02.2024 година.  Бараме итна исплата на средства наменети за Регистриран млад земјоделец, односно +20% на редовните субвенции за 2022 и 2023 година“ пишуваат од здружението до МЗШВ.

 

Лозарите бараат писмен одговор и околу преземањето на винаријата „Повардарие“ но и веднаш да се исплатат средствата средствата за обесштетување од елементарната непогода - суша и временските неприлики за 2021 година, на сите лозари и овоштари од Кавадарци и Неготино, каде што Водостопанство Тиквеш поради нефункционалност, не можеше да обезбеди вода за наводнување.

 

-Бараме веднаш да се донесе Закон со кој ќе се гарантира минималната откупна цена на винското грозје, и тоа по шеќерни единици, за вранец со 18 шеќерни единици 25ден/кг., а за смедеревка со 16 шеќерни единици 23ден/кг – стои во дописот од „Тиквешки лозаро овоштари“.

              



Share

Додади коментар