Во последниот викенд на август ќе се одржи традиционалната туристичко-културноуметничка манифестација „Тиквешки гроздобер“.
Она што на некој начин е и официјлана информација од организаторот манифестацијата ќе се одржи на 28, 29 и 30 август.
Првично подготвената програма за манифестацијата организаторот на годинашното издание на „Тиквешкиот гроздобер“,фирмата Темов ФШТ ДОО од Скопје пред советниците на кавадаречкиот совет да ја образложи на седницата закажана за четврток 9 јули.
Оваа фирма на тендер во февруари годинава ја доби организацијата на Тиквешкиот гроздобер, Баскер Фестот и чествувањето на Свети Трифун.
Неофицијално, далматинската легенда Оливер Драгоевиќ ќе биде главна ѕвезда на Тиквешкиот гроздобер, кој како што веќе претходно информиравме ќе се оддржи на 28, 29 и 30 август.
Согласно искуствата од претходните години, се очекува хрватскиот кантавтор да настапи во сабота, веднаш по завршувањето на традиционалниот тиквешки вински карневал, кој ќе ја задржи саатницата од претходните изданија и ќе започне во 20 часот.
За програмата на годинашнава манифестација „Тиквешки гроздобер“ ќе расправа и советот на општината на седницата во четврток, по што ќе се знае кој се ќе настапи на ова манифестација.
А.Д

Додади коментар