Стипендирање на ученици кои се истакнуваат во целокупниот наставенпроцес, а кои имаат посебен афинитет кон лозарството и винарството е дел од содржината на меморандумот за соработка што деновиве го потпишаа СОЗШУ „Ѓорче Петров“ и винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци.
Со овој меморандум, како што информираат од училиштето е утврдена долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка. Двете страни ќе работат на заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер. Соработката исто така ќе биде и во едукативни процеси преку ангажирање на стручни лица од практиката за реализација на учење преку работа.
Ќе се организира и реализира практична настава за учениците.
Неодамна ова стручно училиште потпиша ваков меморандум за соработка и стипендирање на истакнати ученици од шумарската струка и со ЈП Македонски шуми.
А.Д
Додади коментар