Производителите на грозје ја интензивираат бербата на вренец кратошија. Тие и денешниот празничен ден го искористија за берба. Се бере една од најзастапените вински сорти на грозје, вранецот. Цената за килограм вранец и годинава е 13 денари.
Стефанс вајнари иако е млада винарија изгради партнерски односи со лозарите. Денеска ја посетивме оваа винарија. Раководството најавува откуп на над 12 милиони килограми винско грозје.
„Стефанс вајнари се наоѓа во фаза на откуп започнавме со интензивно прибирање на грзојето. Досега откупивме потребни количини од сортите шардоне и ризлинг. Овие денови продолжуваме со интензџивен орткуп на вранецот. За оваа година беа планирани 12 милиони килограгми грозје, но на барање на лозаропроизводителите за поголем откуп на смедеревка одлучивме да го зголемиме откупот за дополнителни 1 милион килограми. Продолжувсме со склучување на договори за смедеревка и вранец. Досега годината беше добра, квалитетот е задоволитетлен. Може да кажеме дека последните високи температури го застана кревањето на шеќер, но во просек квалитетот е задоволителен.“ вели за КТВ, директорот на винаријата, Орцо Настов.
Винаријата покрај со откуп на грозје продолжува и со инвестиции за зголемување на капацитеот на откуп и преработка на грозје. Се поставува и нова опрема.
„Ова година доинвестираме и ке го заолкружиме проицесот за произвоидство на флаширани вина. Капацитетот од 8,45 милиони ќе го зголемиме за 1,5 милион и наредната година ќе се јавиме на пазарот со флаширано вино. Нашите производи 90 отсто се пласираат на германскиот пазар бидејќи инвеститорот е од Германија. Тие количини се загарантирани тој пазар е сигурен. Сакаме да го прошириме во делот на флаширано вино и да влеземе на пазарите од нашето окружување, Србија Хрватска Босна и Македонија. Следната година сметаме дека ќе се појавиме и во тој дел“ вели Настов.
Лозарите брзаат да го приберат родот на грозје бидејќи за во четвток се најавуваат пообилни врнежи од дожд, а тоа може да биде причина за одложување набербата и штетни последици по родот.
Ангел Данов

Додади коментар