„Срце за животните“ со предлог програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња
15-12-2018 РЕГИОН

Kрајно незадоволни од досегашниот третман на бездомните кучиња во нашата општина, масовни труења, заловувања и отстранувања на кучињата од улиците без да се вратат вакцинирани и кастрирани на локациите каде за нив се грижат околните домаќинства, каде веќе има населено нови, млади исто така невакцинирани и продуктивно способни кучиња, испративме до градоначалникот на општина Кавадарци предлог програма за решавање на проблемот со бездомните животни кој единствено води кон решавање на проблемот и најважно подигање на свеста кај граѓаните.
Програмите во тек на овој месец треба да бидат изготвени, одобрени од АХВ и усвоени на совет на ЕЛС - се вели во писменото обраќање од „Срце за животните „Тиквеш“ Кавадарци.
Од причина што ги имаме детектирано досегашните недостатоци на општинските програми, а воедно сме во тек со најуспешните практики на меѓународно ниво и препораките од Светската Здравствена Организација, ние во соработка со Анима Мунди и здруженијата членки на коалицијата "заедно за животните" изработивме и доставивме програма која може да се адаптира/надогради со спецификите на општината и која нуди сет мерки за системско, сеопфатно и хумано третирање на проблемот.
Мерките се усогласени со нашето закододавство и нудат трајно, економски исплатливо делување кое ќе ја унапреди јавната безбедност и здравствената заштита на населението и ќе покаже успех во релативно кус рок, пред се ќе се стабилизира состојбата, воспостави контрола а понатаму и ќе се надмине проблемот, под услов да го регулираме и одговорното сопствеништво, т.е. спречиме приловот на нови и нови единки на улица.
Посочуваме дека оваа Програма е за третман на бездомните животни и сите оние кои ќе се затекнат слободни на територија на општината (пуштени да лутаат од неодговорни сопственици) .
Воедно апелираме до сите сопственици на домашни миленици да поведат грижа и одговорност и своите кучиња да не ги пуштаат сами на улица.
Бидејќи неодговорните сопственици се причинител бр.1 за појава на нови бездомни кучиња - стои на крајот во соопштението од оваа организација.

Додади коментар