Од денес па во следните денови нашата териотрија но и регионот ќе бидат под влијание на циклонот СИЛВИЈА.
Во текоит на денешниот ден во текот на претпладнево сеуште времето во државава ќе биде стабилно, сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност додека воздушниоот притисок ќе бележи тенденција на опаѓање додека поради релативно високата влажност на воздухот ќе биде многу спарно и тешко.
Од пладневните часови па натаму ќе биде нестабилно облачно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално и процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Постои можност и за локални поројни поплави во зоната на поголемата нестабилност.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени додека УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ВРЕДНОСТ и ќе изнесува од 10 до 11.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во зоната на големата нестабилност има услови за локални поројни поплави а додека трае засилениот ветер граѓаните да бидат крајно претпазливи каде се движат а возачите своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата.
Исто така во текот на електричните презнења граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и домаќинските уреди да се исклучуваат - советува метео прогнозерот Славчо Попоски.
Додади коментар