Волонтери на Црвениот Крст на Неготино заедно со учениците од основните училишта и средното општинско училиште под мотото „Пријатен ручек,пријателе“ споделија заеднички ручек со дваесеттина дечиња на родители од социјално ранливи категории граѓани од Неготино и неколку населени места од Општината.
Тие организираа заеднички ручек-мисија во која помош добија од Центарот за социјална работа од Неготино и од своите родители, што резултираше со заедничко другарување кое траеше неколку часа. Волонтерите што го организираа овој хуманитарен настан „Пријатен ручек,пријателе“ се презадоволни од постигнатиот ефект и велат истиот ги потикнува да размислуваат настанот да стане традиционален и да се одржува секоја година.
М.М
Додади коментар