Советодавната група на граѓани денеска повторно во кавадаречката Полиција расправаше на горлива тема што во пракса значи кривично дело. Оштетени возила, ретровизори, шофершајбни, чкртање по хауби или едноставно кажано чести појави по чии пријави кон откривање на стореното рековме погоре кривично дело постапува Полицијата.На оваа тема дискутираа претставници од повеќе месни заедници во градот, неколку основни училишта, граѓани со ваков проблем, инспекторите од крим полиција и инспекторите за превенција. Се заклучи дека најчесто сторители на овие кривични дела се организирани групи на малолетници.
Апелот од овој состанок е да се делува кон младите и да се цели кон намалување или отстранување на ваквата кривична одговорност, бидејќи со самото откривање на сторителот истиот ќе одговара кривично.На класен час во училиштата, со одделенските наставници и воопшто во образованието мора да се има поголема одговорност кон воспитно образовниот процес, заклучи денеска советодавната група на граѓани. Да се дискутира отворено за вандализмот и да се спречи неговата појава.Поголема обврска кон советувањето на децата да превземат и родителите бидејќи мерките на одговорност кога е во прашање малолетник ги сноси родителот што значи тој ја плаќа неговата штета и несовесно вандалско однесување.
Со советодавната група денеска раководеа инспекторите за превенција Благица Кицева и Димитар Каракулев, а веќе спомнавме присутна со своите видувања и статистика од терен и крим полицијата.Инспекторите од кавадаречката Полиција стојат на ставот дека на оваа тема треба да се поработи уште многу, но заедно со сите релевантни институции за резултатот да биде брз и ефективен.
M.M
Додади коментар