„Напредни лозари“ - Ние бараме повисока цена за грозјето, визбите не даваат
22-08-2018 РЕГИОН

 

Регионалното здружение на лозарите „Напредни лозари“ преку сооштение ја информира јавноста дека на состанокот во МЗШВ не бил постигнат напредок околу нивното барање за повисока цена на грозјето.

 

„На состанокот ние ги повторивме нашите одамна поставени и познати барања за цените за најмасовните вински сорти. За смедеревката бараме да не се откупува пониско од 15 ден/кг, а за сортата вранец цената да не биде под 17 ден/кг. Винарските визби  беа однапред договорени и едногласни  и не сакаа да платат повисока  цена за грозјето, која многу одамна не е покачена иако сите трошоци за производство се повеќе кратно зголемени“ информирааат од здружението и додаваат дека визбите на состанокот кажале дека цената се договара пазарно, а тоа го кажале како договорени и настапиле како еден.

 

„Какво е тоа пазарно стопанство кога во соседството и тоа надвор од ЕУ цената на винското грозје е два пати повисока. Винариите го злоупотребуваа тоа што Владата сака грозјето да го преработат нашите винарии и да излезе од државата како производ -  вино, а не како суровина - грозје. Затоа на состанокот на беа поканети и присутни трговски компании и странски винарии кои ќе дадат повисоки цени за грозјето и тогаш би имало услови за пазарно стопанство велат лозарите.

 

Производителите на грозје исто така кажуваат дека Министерството за земјоделство било затечено  од односот на организираноста на винариите да не дадат повисока цена за винското грозје во услови кога нема доволно грозје, а истовремено нема и залихи на вино.

 

„Ние производителите на грозје сме тотално разочарани  од игнорантскиот однос на винариите. Нашите укажувања дека лозарите се во многу лоша состојба, нивните лозови насади во кои цел живот многу инвестирале пропаѓаат, дека живеат во сиромаштија и дека трошоците се неколку кратно зголемени за производство не беа разбрани од винариите и министерството“ велат од здружението „Напредни лозари“ и нагласуваат дека поради тоа во иднина лозарството како значајна гранка во земјоделството ќе изумре.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар