Едногласно советот на општина Кавадарци на денешната 49-та седница ја донесе програмата за одржување на локалните улици и патишта на подрачјето на општина Кавадарци во зимски услови за 2024 -2025 година. Активностите по оваа програма ќе ги извршува ЈП Комуналец. Директорот Гоце Ангеловски информира дека претпријатието е подготвено за целосно и одговорно извршување на доделените надлежности со зимската служба.
Едногласно советот го усвои и планот за развој на општина Кавадарци за следната година, а беа донесени и одлуки за примање на донација и давање на трајно користење опрема на скијачлки центар Михајлово.
Со одлука на советот општина Кавадарци ќе донира 4 милиони денари на Македонската православна црква -Охридска архиепископија – Повардарска епархија.
Беше разгледан и од мнозинството во советот усвоен финансискиот план и годишните планови за вработување за 2024 и 2025 година на Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и вертеринарно здравство – стационар – „Шепа“.
Опозицијата во советот забележа дека во стационарот немало потреба од толкав број на вработени, а особено не во административниот дел.
Се разгледа и усвои деветмесечниот извештај за работа на ЈП Комуналец Кавадарци и МХЕЦ Лукар. Директорот образложувајќи го извештајот рече дека Комуналец работи успешно и е во позитивна состојба. Рече дека редовно се сервисираат сите услуги кон граѓаните, а информираше и за сите тековни активности кои се реализираат.
„Во близина на депонија Мелци се создава вештачка депонија. Граѓаните најчесто гфрлаат градежен шут. На само 100 метри од депонијата го истовариле отпадот. Би било во ред тоа да го направат на депонијата, бидејќи ние не наплаќаме за тоа “ рече Ангеловски и аплеираше до граѓаните во следниот зимски период пепелта од шпоретите да не ја исфрлаат во контерјнерите, туку во посебно поставени канти за таа намена.
Советникот Вуко Мелов во својата дискусија забележа дека загубите на вода биле 60%, а фактурирањето било зголемено за само 2%. Според него, Комуналец бил во загуба, а граѓаните добиле 2-3 пати повисоки сметки.
Градоначалникот Митко Јанчев нагласи дека општината и ЈП Комуналец биле во одлична кондиција.
На денешната седница беше иницирано и поднесување на кривична пријава, за како што беше речено, незаконско работење во „Еуроникел“ .
Советот ги разгледа и усвои извештаите за работењето на ЈП „Паркинг“ „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и регионалниот центар „Шепа“.
Советнички прашања советниците ќе можат да поставуваат на продолжението на 49-а седница закажано за 6 декември.
A.Д
Додади коментар