„Напредни лозари“: Двојно да се зголемат субвенциите по хектар површина
14-09-2021 РЕГИОН

Лозарите од Тиквешкиот Регион се во многу тешка положба како никогаш досега и затоа бараат под итно да се надмине оваа состојба.

 

    Оваа година 2021 Тиквешкиот Регион го зафати суша каква не се памети многу одамна. Лозовите насади претрпеа големи штети од сушата. Сушата беше во толкави размери, што ги погоди и лозјата кои се под систем за наводнување. Тиквешкиот регион е скоро цел со лозови насади и вода за наводнување не може да се обезбеди во огромни количини,  во ист момент. Заради сушата оваа година родот на лозјата некаден е целосно уништен, a некде е десеткуван.

 

  Згора на тоа винариите организирано настапуваат и тоа што остана од родот сакаат да го земат што е можно за пониски цени. Винариите оваа година знаат дека грозјето кое останало од сушата е со повисока шеќерност и тие сега ги условуваат лозарите и бараат многу повисока шеќерност за помали цени,  иако нема доволно винско грозје.

 

Вранецот одамна ја има надминато технолошката зрелост за берба и сред берба винариите ја зголемуваат минималната шеќерност и го враќаат грозјето кое е под 21 шеќерна единица, а за да издадат белешка за берба бараат минимум 23 шеќерни единици. Тоа се апсурди кога се знае дека вранецот во технолошката зрелост е  нормално  да биде 18-19 шеќерни единици, а за смедеревката 16-17 . Винариите овие денови и го прекинаа откупот и чекаат владата да субвенционира како минатата година и тие ако може да го земат грозјето по многу пониски цени. Овој застој најмалку им одговара на лозарите,  бидејќи  на ова жешо време грозјето секојдневно губи многу и згора на тоа се очекуваат врнежи и така преостанатото грозје ќе остане во нивите.

 

  Заради гореспоменатото лозарите бараат од Владата најмалку да се дуплираат субвенциите за одгледување винско лозје по хектар.

 

Се надеваме дека ќе бидат удоволени нашите барања за доброто на лозарите, сите граѓани на Тиквешкиот регион и државата. Секоја друга опција штрајкови, копачења на лозјата ќе бидат штетни за сите – пишуваат од „Напредни лозари“ - пишуваат од здружението „Напредни лозари“ од Кавадарци.



Share

Додади коментар